Твитерџиите бесни поради загадениот воздух - партиите продолжија со обвинувања
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2018 14:41

Прстот го вперуваат во власта, за која сметаат дека не е доволно посветена на решавање на проблемот. Скопје во моментов е 8-ми најзагаден град во светот, покажува air visual.





Партиите си ја префрлаат одговорноста за аерозагадувањето.
Граѓаните на Република Македонија додека се гушат во загаден воздух, Владата на СДСМ спие.Кога треба да се преземат краткорочни и долгорочни мерки за спречување на загадениот воздух, Владата на СДСМ си игра игрици, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ велат дека проблемот со загадувањето на воздухот 11 години беше целосно игнориран од власта на ВМРО-ДПМНЕ која не презеде ништо, затоа што мислела како на криминален начин да приграби што повеќе пари од граѓаните.
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули го престави Планот за чист воздух на Република Македонија на министерската конференција „Иновативни решенија за намалување на загадувањето во Југоисточна и Јужна Европа” што денеска и утре се одржува во Белград.
Главна цел на конференцијата е изнаоѓање на заеднички начини и мерки за унапредување на животната средина, здравјето на луѓето и развојот на економијата во овој дел на Европа.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




