Тврдокорни: Апелираме до „албанските“ партии да се вразумат
Објавено во: Македонија 13 Март, 2017 17:53
Тврдокорни преку соопштение до јавноста изразуваат сериозна загриженост што и покрај многу повици и укажувања продолжува игнорирањето на одредени политичари околу т.н „албанска платформа“, со калкулантски однос земајќи ја како предмет на преговори за идна Влада.
„Самиот факт што партиите на Албанците упорно настојуваат да ја фаворизираат платформата, а кај некои македонски партии тоа е пречекано без отпор, создава нервоза и загриженост кај нас и кај секој свесен Македонец.
За нас после Рамковниот договор потпишан во Охрид, иако на наша штета, прашањата базирани на етнички клуч се затворени. За нас тој договор е неправеден, но го почитуваме заради мир и затоа што е потпишан со крвта на многу млади животи.
Секоја политичка одлука која оди надвор од одредбите од Рамковниот договор за нас преставува кршење на мировниот договор и создавање на простор за нова дестабилизација на Македонија.
Апелираме до „албанските“ партии да се вразумат. Актот на поништување на Рамковниот договор да го тргнат од маса и ПОСЕБНО во иднина да внимаваат на речникот со кој се обраќаат кон македонскиот народ. Изјавите на Зијадин Села во кои тој го негира постоењето на македонскиот народ, отвара простор за судир од широки размери кој несомнено ќе се префрли и во неговиот двор.
До раководството на СДСМ апелираме да ги препознаат овие опасни ситуации, самозалажувачки да не ги релативизираат и минимизираат.
За душегрижниците кои често прашуваат, КАДЕ БЕА ТВРДОКОРНИ ДОСЕГА, ќе одговориме: Членовите на Тврдокорни при разни родољубни делувања самостојно или како дел од разни организации се апсени и притворани за протестите против назначувањето на Талат Џафери за министер за Одбрана, за настаните на Кале, Смилковско езеро, Ѓорче Петров... Негодувавме и негодуваме за амнестијата за Хашките случаи...“, стои во нивното соопштение.
Тие потенцираат дека овој пат се организирани на едно многу повисоко ниво и застануваат како брана на националната ерозија а нивното незадоволство од антимакедонските политики беше големо, но ова ја прелеа чашата.
„Велиме ДОСТА БЕШЕ и ќе ги повикаме сите искрени македонски родољуби, без разлика на политичка припадност, да се спротиставиме на овој безумен големоалбански кон нас Македонците нападен и потценувачки акт, напишан во фамозната платформа.
Да не биде повеќе злоупотребувано, бидејќи при крај е македонското тврдокорно трпение!“, стои во заклучокот на соопштението.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица




