18 Декември, 2025
0.0600

Уапсен мулти-криминалец во Италија е баран и од македонската полиција

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2018 09:03

Добивај вести на Viber

Македонскиот државјани кој се „бавел“ со повеќе криминални активности, а беше уапсен за шверц на емигранти во Италија од страна на италијанските карабињери, е баран ид македонското МВР.  Toj се бара и со потерница од македонската полиција за наводно членство во парамилитарна група која потекнува од распуштената УЧК на Косово. Не е познато дали се работи за Фатмир Латифи, македонски државјанин, кој е оквалификуван како еден од главните тројца водачи.

Италијанската полиција уапсила 17 членови на парамилитантна организација од кои 8 се државјани на Македонија, Косово и Германија. Осомничените шверцувале оружје и дијаманти, организирале шверц со мигранти, а соработувале со сицилијанската мафија Коза Ностра, јавуваат италијанските медиуми.

Во групата има најмалку еден македонски државјанин за кои италијанските власти тврдат дека поседувал оружје и бомби, кои ги продавал на Балканот.

 Поединци од оваа група биле инволвирани во вооружениот напад во Куманово во мај 2015 година во кој загинаа 8 полицајци и десетина членови на групата.

Италијанската полиција две години ги следела контактите меѓу Коза Ностра и парамилитантната организација која е активна на Балканот, објави обвинител од одделот за борба против мафијата во Палермо кој координирал со акцијата.

Сите уапсени од страна на италијанската воена полиција се обвинети за транснационално криминално здружување, шверц со мигранти преку балканската рута, трговија со оружје и перење пари.

Според истрагата се работи за две различни оперативни структури кои функционирале независно една од друга, но сепак претставувале една организација поради што дури по две години италијанските власти успеале да ја завршат истрагата.

Во истрагата биле вклучени правосудни органи од неколку балкански земји меѓу кои и од Македонија.

Италијанските медиуми објавија дека меѓу приведените се Фатмир Латифи, Дритон Реџепи, Арбен Реџепи, Џемшит Вершевци, Франко Мапели, Тизиано Мапели, Салваторе Морело, Габриеле Торез, Дарио Вителаро, Луан Добјани, Ибраим Латифи, Јениа Арене, Ѓузепе Ѓанросино, Џемил Џафери, Денис Никци и Уран Амети.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија