УАПСЕН ПИРОМАН ОД СТРУМИЦА - намерно запалил арско ѓубре на туѓа нива
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2025 14:55
Повозрасен струмичанец е уапсен откако е утврдено дека подметнал пожар меѓу селата Дабиле и Петралинци. Струмичанецот го признал делото, и против него ќе има пријава, велат од МВР.
- На 16.09.2025 на регионален пат помеѓу селата Сарај и Петралинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 19:00 часот подметнал пожар на арско ѓубре во нива помеѓу селата Дабиле и Петралинци, сопственост на В.С..
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. С.В. е задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал делото - се посочува во извештајот на МВР.
Додаваат дека запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото изврши екипа на СВР Струмица. По целосно расчистување на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Архива
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




