Уапсен третиот киднапер на обвинителот во Истанбул
Објавено во: Балкан 01 Април, 2015 10:41
Полицијата го привела третиот киднапер на турскиот обвинител Мехмет Селим Кираз во Истанбул, објавија локалните медиуми.
Другите двајца биле ликвидирани при престрелката, со која се стави крај на заложничката драма, која траеше речиси 9 часа.
Членови на забранетата Левичарската организација „Револуционерен фронт за народно ослободување“ влегле вчера во судот, каде се судеше за случајот за смртта на 15-годишно момче, повредено од полициско насилство за време на протестите во јуни 2013 година.
Тие го зедоа како заложник обвинителот во случајот и побараа одговорните полицајци јавно да признаат на телевизија за смртта на момчето. По повеќечасовини преговори органите на редот влегле во собата и отвориле оган. Двајца од киднаперите загинале, а заложникот бил тешко повреден и починал подоцна од повредите во болница.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




