Уапсени се разузнавачи од АНБ, уценувале угледни бизнисмени
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2021
Полицијата постапувајќи по налог на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска уапси неколку припадници на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) кои рекетирале познати скопски бизнисмени.
Станува збор за истражители на АНБ кои ја злоупотребиле својата положба и преку креирање на фиктивни кривични пријави уценувале сопственици на угледни компании, потврдија од МВР за „Слободен печат“.