Убавините на Македонија достапни на Гугл
Објавено во: Мои пари 14 Март, 2013
Со цел да се претстават убавините на Македонија и да се привлечат туристи, македонскиот туризам ќе биде презентиран на интернет пребарувачот Гугл.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека во рамки на другите активности што се преземаат за развој на туризмот, е и промовирањето на Македонија преку Гугл.
- Туризмот е една од клучните гранки, бидејќи се работи за извозна дејност, носи девизен прилив и е важна за Република Македонија. Вложуваме доста и во делот на креирање понуда за туристи, меѓутоа и во делот на рекламирање и презентирање на земјата пред странските туристи. Во тие рамки Гугл е најголемата пребарувачка машина во светот што ја користат сите и во рамки на останатите активности е и промоцијата на Македонија преку Гугл, истакна Ставрески.