УБИСТВОТО НА РОСИЦА ЈА КРЕНА ЈАВНОСТА НА НОЗЕ: Социјалните мрежи преполни со реакции
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2025 07:10
Убиството на Росица Коцева ја крена македонската јавност на нозе. Социјалните мрежи се преполни со реакции кои најчесто го осудуваат системот.
„Росица (31) барала помош. Барала помош кога ја тепал, барала помош кога и се заканувал, барала помош кога и ја запалил колата, барала помош кога видела дека не и помага никој и се плашела дека ќе ја убие. Ја убил. И нејзе и татко и. И сега ќе тече истрагата по кој редослед и како. Истрагата може да почне од тоа кој не постапувал? СВР Велес, ЈО, не знам, некој не постапувал. Некој сметал дека овој човечки отпадок треба да е на слобода и да може да ја малтретира. Некој не видел проблем во тоа. Прашањето е кој? Тоа сакаме да знаеме, кого плаќаме за помош, а не помага? Зошто институциите не и помогнале на Росица по толку молење за помош? Некој мора да понесе одговорност, Росица и татко и немаат само еден убиец. Со години збориме дека не се постапува, дека треба законот да се смени, ништо. Звук од штурчиња и ветерче во позадина. Кој дозволи убиецот да е на слобода по толку пријави? Кој?“, напиша Ина Многуфина.
Ова не е изолиран случај, ова е шаблон што се повторува. Психопатите имаат профил, имаат предвидливо и препознатливо однесување. Службените лица МОРА да го знаат тоа и да делуваат навреме тоа им е обврска, а не избор.
Секоја пријава е крик за помош. Секоја игнорирана пријава е чекор поблиску до убиство. Секој службеник што ќе замижи пред вакво предупредување носи дел од вината.
Можеби ќе ве интересира
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето




