19 Декември, 2025
0.0528

Уценувале малолетничка – барале телефон за компромитирачки фотографии

Објавено во: Мои пари 01 Февруари, 2014 14:30

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи до надлежното Јавно Обвинителство Скопје, со кривична пријава ги предаде С.И.(24) и Р.И.(23), двајцата од Скопје, поради основано сомневање дека во периодот декември-јануари 2013/2014, С.И. сторил кривично дело „Уцена“, а Р.И. помагајќи му во извршувањето на делото, сторил кривично дело „Помагање“. Со сторените дела, оштетиле едно малолетно лице од Скопје. На кривично правниот настан, преходело дружење помеѓу оштетената и С.И., при што пријавениот ја искористил  нејзината доверба и злоупотребувајќи лозинка од нејзин профил на социјална мрежа и ја уценувал дека ако не му даде андроид „Самсунг“, ќе изнесе во јавност компромитирачки фотографии. По ова, тие се слушнале телефонски и се договориле оштетената и Р.И. да се сретнат пред поштата во населба Драчево, каде таа ќе му го даде андроидот. За уцените од С.И. оштетената и кажала на својата мајка, која на случајот го пријавила во полициска станица, по што од страна на полициски службеници на Единицата за насилен криминал се превземени оперативно тактички мерки. Во населба Драчево, непосредно по превземањето на телефонот од оштетената, Р.И. е лишен од слобода, а набрзо потоа е пронајден и лишен од слобода и С.И.. Во дадените изјави, двајцата пријавени го потврдија извршувањето на кривичните дела, а со наредба од Судија во преходна постапка во нивните домови е извршен претрес и подигнатиот материјал е предаден за понатамошна обработка во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии