18 Декември, 2025
0.1464

Ученици од Неготино оставени на екскурзија во Италија

Објавено во: Македонија 18 Април, 2018 15:56

Добивај вести на Viber

Скандали во училиштата во Неготино продолжуваат да ја брануваат јавноста во изминатиот период. И додека не стивнале реакциите по снимката со претепување на ученичка во основното училиште во градот, од страна на нејзини соученички, деновиве актуелна е друга драма, која што се случувала за време на средношколската екскурзија, која се одржала од 2 до 8 април, кога двајца ученици биле оставени сами во Италија, додека групата продолжила во Франција, пишува Фокус

Имено, екскурзијата на ученици од трета година од СОУ ,,Свети Кирил и Методиј’’, започнала и се одвивала според однапред договорениот план. Четири ноќевања и полупансион, посета на Венеција, Верона и Милано во Италија и посета на Ница, Кан и Монте Карло во Франција била понудата на туристичката агенција ,,Балкан Турист’’ од Кавадарци, чиј сопственик е Тони Ристовски, кој заедно со уште двајца претставници од агенцијата бил присутен на екскурзијата, а покрај нив децата ги придружувале и девет професори и еден лекар. Присутни биле 133 ученици, сместени биле во два хотели, а се патувало со три автобуси.

По враќањето од екскурзијата, родители на социјалните мрежи обелоденија дека се случил скандал, кога две деца биле оставени во хотелот во Италија, бидејќи доцнеле петнаесеттина минути, а целата група со професорите и средношколците без нив, со автобусите продолжила во Франција. Децата го минале целиот ден во Италија сами, а групата се вратила назад дури во вечерните часови. Нивната реакција веднаш беше пренесена од страна на повеќе медиуми во земјава.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми