18 Декември, 2025
0.0540

УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ НА КОВИД - Филипче соопшти дека скринингот ќе опфати 8.200 деца

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2021 12:39

Добивај вести на Viber

Со согласност од родителите, учениците во основните училишта од прво до петто одделение, како и од шесто до деветто одделение и учениците од средните школи ќе бидат тестирани за присуство на вирусот Ковид 19. Во методологијата се опфатени околу 8200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици. Планирано е скрининот да трае 5 дена и дневно да се тестираат по околу 1600 деца, во самите училишта кадешто мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите.

Учениците ќе се бираат по случаен избор од регистарот на Е дневник, а родителите ќе треба да потпишат согласност за учество на тестирање на децата. Доколку некој од родителите одбие, ќе има заменски примерок од каде ќе се избира следното дете за тестирање. - изјави денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Децата од посебните училишта и училиштата каде просечниот број на ученици во одделение е помал од 10 деца ќе бидат исклучени од овој процес од причина што станува збор за помали рурални места каде учат многу мал процент од сите ученици и во места каде инциденцата на вирусот е многу ниска.

Инаку, на денешната пресконференција министерот Филипче информираше дека состојбата со коронавирусот во земјава е стабилна, имаме повеќе денови речиси идентичен број на новодијагностицирани, меѓу 450 и 500, а бројот на хоспитализирании пациенти се намалува насекаде низ државата. Пациентите се сместени само во инфективните одделенија. Во Скопје болницата за оториноларингологија и болницата Козле, веќе се враќаат во нормална работа и се празнат капацитетите, така што во Скопје остануваат хоспитализирани во Инфективната клиника и двата први ката од Интерната клиника. Односно, денеска има вкупно околу 580 хоспитализирани пациенти, и тоа покажува тренд на намалување. 

Досега вкуупно се вакцинирани 789.000 граѓани, од кои 734.000 се ревакцинирани, што прави да 47 отсто од полнолетната популација во земјава примила најмалку една доза од вакцината, а вкупно 38,2 отсто. Најмногу полнолетни со две дози се во Вевчани, 72 отсто, и под 30 отсто се Липково, Македонска Каменица и Ново Село. Видовме како тоа се рефлектираше врз болниците. Вакцини има сосем доволно, 260 илјади дози на Фајзер, 45 илјади дози Синовак, 100 илјади дози од АстраЗенека. Од петокот повеќе не функционира А1 Арена Борис Трајковски, така што сега функционираат седум вакцинални пункта низ државата.  

Анализата ја покажува ефикасноста на вакцината, околу 77 отсто од новозаболените и 79 хоспитализиранитер, се невакцинирани. Во септември 85 отсто од заболените биле невакцинирани.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје