УЧИЛИШНАТА ГОДИНА ДА ПОЧНЕ НА 11. СЕПТЕМВРИ: Ова е еден од трите предлози, точно ќе се знае за 10 дена
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2023
Еден од трите предлози за почеток на школската година е 11. септември и да заврши во средината на јуни. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска најави дека за десет дена МОН ќе излезе со став дали ќе има поместување на почетокот на учебната година од стандардниот термин 1 септември.
Тој рече дека во текот на следната недела пред Комисијата
за човечки ресурси ќе ги претстави трите
предлози за почеток и завршување на учебната година.
-Ќе бидат вклучени униите на средношколците, но исто така и синдикатите за мислењата да ги слушнат членовите на Комисијата. Мислам дека во рок од десет дена ќе имаме конечен став кој од предлозите ќе биде прифатен, изјави Шаќири одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Форумот за реорганизација на училишната мрежа, изјави Шаќири.
Првиот предлог до МОН е учебната година да почне како и досега - на 1 септември, вториот е да почне на 11 септември, без пролетен распуст, и да трае до средината на јуни, третиот предлог е да почне на 1 септември, да има пролетен распуст од пет дена и учебната година да заврши во средината на јуни.
ФОТО: МИА
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.