27 Април, 2024
0.0315

Училишни екскурзии: Неостварена желба или недораснат предизвик за учениците, наставниците, родителите!

Објавено во: Македонија 21 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Скандалот со екскурзијата на средношколците од  неготинската гимназија отвори серија прашања и дилеми кој треба да понесе одговорност за оставените ученици, организацијата, реализацијата  и однесувањето. Долгогодишниот туристички работник,  Ангел Иванов кој  повеќе од триесет години поминал во секторот туризам вели дека  бил дел од многу патувања, училишни екскурзии, аранжмани во многу европски градови. Но искуството како познавач на туризмот вели го научило дека децата не се и не може да бидат виновни  за лошо организирана тура, пропуст или однесување, туку едноставно ваквите патувања како маршута не се дораснати за оваа структура на патници и туристи.

“Јас сум и зачуден и згрозен. Работев и работам  во туризмот  во 20 и во 21 век. Порано училишните екскурзии се правеа само во републиката, од прво до четвртто само во  републиката, само тука. Од петто до осмо одделеление низ Југославија со заглавјето “Запознај на татковината повеќе да ја засакаш”. Тогашните основци немаа свои  пасоши туку беа на  пасошите на своите родители и мораа со изјава од родители да патуваат бидејќи беа малолетни лица. Вчудоневиден сум како родителите дозволуваат со леснотија и одобруваат да патуваат нивните деца низ Европа, на толкави релации. Ние дома не можеме со две три деца да се справиме,  а  не со два, три автобуси особено во странство”- вели Иванов. 

Да се носат малолетни деца на екскурзии во големи метрополи според него како туристички работник е сериозен предизвик но и голема одговорност.

“Тие сеуште се деца, не ме збунува поведението на децата, тие се мали и малолетни. На овие патувања ниту  учат,  ниту се заинтересирани за историски знаменитости и тоа е апсурд да се верува. Агенциите тоа им е работа и прават тури и договори, а  училиштата, раководствата се договараат. Треба во овој случај   многу да се проверува. Но прво треба да се направи ревизија во училиштата како, што и зошто договориле. Дали е по налог на училиштата, директорите и родителите кои им ги исполнуваат желбите. Ние за секој патник  за секое патување имаме  договори со секој патник одделно. Овде е нејасно кој со кого направил договор, какви договори се направени, кој за кого гарантира. Треба да се направат сериозни проверки кои ќе почнат од управата на училиштето”- додава Иванов.

Дополнителен проблем како што вели е непочитувањето и немањето соодветни стандарди и правила кои ќе се почитуваат. Под оправданието дека екскурзиите се дел од наставната програма вели се прават аранжмани кои иако навидум се примамливи и евтини  се многу ризични и одговорни.

“Има недоречености. Мислам дека старите стандарди беа вистински стандарди и правилни насоки,  не заради режимот на поранешна Југославија туку тоа беше режим за одгледување на деца. Од прво до четвртто во земјава, во осмо низ Југославија или не подалеку од тоа. Ова ме зачудува или пак  децата пораснале повеќе од она што знам за  туризам. Во секој случај е неодговорно особено тоа да го има во наставната програма. Бидејќи наводно била исполнета наставната програма. Која е таа наставна програма која дозволува екскурзии низ Европа, градови милионски?  За апсолвенти беа дискутабилни  турите, а не пак за малолетни деца. Малолетно дете и да направи престап казните одат преку родителите. За оние кои ги реализираат одговорноста е најголема. Овие патувања треба добро да се осмислат. Нивните родители кои сега ги пуштале на екскурзии  треба да направат споредба како се реализираа некогаш, а како денес овие тури. Дали сте виделе грчка, австриска или италијанска екскурзија во Скопје? Не, доаѓаат баби и дедовци со стапови”- вели  Иванов.

Низ долгогодишното професионачно искуство вели дека се соочил со многу животни приказни, скандалозни случки и несекојдневни искуства кога македонски туристи се однесувале некултурно и проблематично. Сепак вели има и позитивни искуства кои секогаш му останале во сеќавање.

“Јас бев долги години шеф на Далмација турист. Пред триесетина години во Охрид приватно имав можност да одам на кампот Градиште каде  дојде група со автобус полн со туристи-студенти. Од Универзитетот во Женева, студенти по византолгија кои си направиле византиска тура и дошле во Охрид. Во групата беа студенти, професори и асистенти. Бидејќи била 20 дена и би им била скапа си се организирале како поевтино да поминат и да проучат што има од наследство. Фасцинантна слика од 1985 година која никогаш не сум ја сретнал повторно. Тие не бараа хотели со неколку ѕвезди,  туку едноставен и евтин начин да си поминат но да научат. Дополнително има еве за пример на триесетина километри од  границата, во Косово  пештерата Гадиме  која е прекрасна за екскурзија за ученици. Има што да се види, природна реткост, убавина. Но за жал тие не се бираат”-  потенцира туристичкиот работник.

Во меѓувреме Министерството за образование ќе утврдува кој ќе ја понесе одговорноста за оставените ученици  во Италија. Оттаму најавија дека сите инволвирани ќе носат одговорност. Однесувањето на децата било причина поради која тур операторот за Италија и Европа ја прекинал соработката со агенцијата која го организирала патувањето. Просветната инспекција ќе утврди следни чекори откако деновиве ја чешлаше документацијата во училиштето.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“