19 Мај, 2024
0.0257

УЧИЛИШНОТО ЅВОНЧЕ ЗАЅВОНИ ВО РЕГИОНОТ: Во Србија 97 отсто од родителите одлучиле децата да им одат во училиште

Објавено во: Балкан 01 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Со заштитни маски и следејќи ги зацртаните протоколи, учениците од основните и од средните училишта во Србија и во Словенија ја започнаа новата учебна година.

Исклучетелен е податокот дека во соседна Србија, каде епидемиолошката состојба и не е во најдобро светло, родителите дури во 97 отсто одлучиле нивните деца да одат во училиште, односно наставата да ја следат со физичко присуство. Инаку и таму, во сите училишта, наставата е организирана под посебни услови и протоколи. Маските се задолжителни, во училниците постојано се прави дезинфекција, а има и задолжени кои следат дали се одржува потребното растојание. Според српскиот министер за просвета, Младен Шарчевиќ, во 38 проценти од училиштата во земјата нема да има потреба учениците да се делат во групи до 15 ученици, бидејќи тие училишта располагаат со многу мал број на деца. .

Училишното ѕвонче го означи стартот на учебната година и во Словенија, каде што училиштата се должни да обезбедат маски за децата што не носат од дома. Препораките за носење маски ќе се прилагодуваат секој петок за неделата што следува, а тоа секако ќе зависи од актуелната епидемиолошка состојба.

Во текот на следната недела се очекува да почне учебната година и во Грција, каде што веќе имаат искуство со реализација на настава во услови на епидемија, бидејќи таму и претходната учебна година, учениците ја завршива во клупите под посебни мерки и протоколи. 


Можеби ќе ве интересира

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот