Угостителите не ги сакаат владините кредити
Објавено во: Економија 07 Април, 2020 12:14
Угостителите нема да ги користат олеснителните мерки на Владата, зошто според нив тоа ќе значи понатамошно задолжување, кое нема да можат да го издржат. Побараа од Владата, парите кои се наменети за нив да ги потроши на работниците, нагласувајќи дека од почетокот на кризата до сега, угостителите биле приморани да отпуштат од работа дури 15.000 луѓе.
На денешната прес-конференција на Туристичко угостителската комора на Македонија, бепе истакнато дека владините сет мерки се несоодветни, нецелосни и неразбирливи и побараа конкретни мерки кои ќе им ги покријат загубите од неработењето.
-Ја информираме владата дека ние малите угостители нема да аплицираме за бескаматните кредити но бараме тие пари владата да ги потроши за нашите вработени и да им ги покрие платите и преидонесите почнувајќи од месец март.Имаме целосни загуби и не можеме да ги покриеме нашите обврски кон вработените, за кирии и други режиски трошоци. Ново задолжување со кредити е погубно за нас, рече Мартин Ангелоски од Туристичко угостителската комора на Македонија.
Истовремено соопштија дека од вкупно 29.000 вработени во угостителството, дури 60% од добија отказни решенија, а тоа се 15.000 луѓе. Велат дека трендот на отпуштања ќе продолжи особено поради фактот дека околу 80% од угостителските објекти не можат да исплатат плата ниту за март.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката





