07 Октомври, 2024
0.0308

УЈП врши „распродажба“ на движен и недвижен имот

Објавено во: Мои пари 23 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи утре преку аукција врши продажба на движен и недвижен имот. Таа него го запленила од фирмите кои не сакале или не можеле навреме да платат данокот, па сега ги нуди на продажба со цел да ги наплати своите побарувања.

Од Управата велат дека тоа е нормална процедура, а се решаваат на оваа мерка само кога се исцрпени сите други можности за даночниот обврзник да го плати данокот, пишува „Утрински весник“.

Заинтересираните за учество во овие аукции мора да уплатат депозит од 10 отсто од вредноста на предметот, кој потоа им се враќа ако не е прифатена нивната понуда. Некои од предметите се прв пат на продажба, но за дел од имотот се одржале и по над триесет аукции.

Стан во Скопје од 51 квадратен метар за 39 илјади евра, а од 33 квадратни метри за 26 илјади евра. Автомобили, „пунто“ и „сеат“ од 2002 и 2003 година по цена од 1.700 евра, а за „пежо“, од 2008 година почетната цена е 10.000 евра. Има и автобуси, цистерни, шанк столчиња, кафемати и ледомати, па се до фрижидери, гарнитури.

Од УЈП објаснуваат дека сите овие предмети се одземени од поодамна, но досега не се продале, па повторно се нудат на сите наредни аукции.

„Заплена на имот се врши во постапка на присилна наплата на долг кој даночниот обврзник доброволно не го платил, но и кај кого се исцрпени сите мерки за наплата на данокот (опомени, блокирање на сметка, заложно право и сл.). УЈП ја користи оваа мерка кога не преостанува друг начин за обезбедување и наплата на данокот. Што ќе биде предмет на заплена во конкретен случај, зависи од расположивите средства за заплена и процената за најбрзо упаричување. Во поголемиот број случаи, предметите кои можат да бидат запленети се многу ограничени“, велат од Управата за јавни приходи.

Можеби ќе ве интересира

Пет години Mitra.mk!

Пет години Mitra.mk!

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!