Добивај вести на Viber
УЈП во рамки на активностите за сузбивање на незаконското приредување на игри на среќа затвори осум диво обложувалници.
Во контролите спроведени изминатите четири дена во Тетовско се затворени 6 објекти каде нелагалено се организарало спортско обложување.
Исто така, во гостиварско се затворени два вакви објекта.
УЈП во сите објекти изврши заплена на техничката опрема, а против сторителите ќе бидат поднесени кривични пријави за нелиценцираното приредување на игри на среќа.