18 Декември, 2025
0.0582

Ука и Веби го изгаснаа пожарот во Галичник

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2021 10:16

Добивај вести на Viber

Галичката месна заедница информира дека изгаснати се сите жаришта на големиот пожар што од вчера во 13.30 часот па до доцна во ноќта гореше на непристапен терен над селото Галичник, а специјална благодарност им беше упатена до двајцата пожарникари од тетовската противпожарна бригада.

„Вечерва на две локации со интервенција на Командир Ука и пожарникар Веби од тетовската противпожарна бригада и припадниците на АРМ вечерва се затворени и последните две жаришта на пожарот кај Укален. Да се надеваме дека утре пожарот нема да се обнови. Благодарност до Врховниот командант, претседателот Стево Пендаровски и сите други институции за интервенцијата“, соопштија од месната заедница.

Во текот на вечерните часови, единиците на противпожарната служба заедно со специјалната единица Волци на АРМ ги гасеа последните остатоци од пожарот. Војниците ба самото место ја поминаа ноќта, а дополнително во текот на целата ноќ во состојба на готовност беа единици координирани од ЦУК.

„Утрово увид на лице место направи пешадиска единица од земја и воздухопловен Винг - воздухопловната единица на АРМ со два хеликоптери од воздух. Сите жаришта се згаснати. Ве поздравуваме и Ви посакуваме спокоен втор ден Велигден!“, информираат од месната заедница.


Можеби ќе ве интересира

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето