Укинување на надоместот за геотермални води бараат оранжерите
Објавено во: Агробизнис 02 Февруари, 2015 15:24
Производството на раноградинарски култури има значајно влијание во доменот на извозот (оранжериите практично имаат изразит нето девизен ефект), што е секако придонес во подобрување на состојбата во трговскиот биланс на земјата (извоз 20 милиони евра), при што повеќе од 75% од вкупното производство на оранжериите се извезува.
Производителите на раноградинарски култури (оранжериите) јa поздравуваат Програмата на Владата на РМ за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и континуираното зголемување на вкупните износи. Но во делот на субвенционирањето на производството на зеленчук во контролирани услови на производство, производителите го истакнуваат своето незадоволство од несразмерното зголемување во однос на вкупното зголемување на субвенциите.
Ова денеска го истакна Васко Ристовски, на редовната прес - конференција во Стопанската комора на Македонија.
-Во 2005 година вкупните субвенции на ниво на државата изнесуваа 9 милиони евра (со ребалансот беа намалени на 7 милиони евра), а директната финансиска поддршка за производство на зеленчук во контролирани услови изнесуваше 50.000 денари по ха. Во 2009 година истата се зголеми на 70 милиони евра, при што финансиската поддршка за оранжериското производство изнесуваше 70.000 денари по ха, а во 2014 година, од одвоените 140 милиони евра директрни плаќања во земјоделското производство, за производство на градинарски култури во контролирани услови тие изнесуваа 90.000 денари. Со ваквата распределба на средствата за финансиска поддршка во земјоделството, производителите на раноградинарски култури се крајно незадоволни, велат од стопанската комора.
Вкупната сума на субвенции во однос на 2005 година е зголемена 20 пати, додека средствата што се издвојуваат за субвенционирање на оранжериите се зголемени само 80 %. Поради тоа, производителите на раноградинарски култури во Р. Македонија бараат зголемување на средствата наменети за нивно субвенционирање ва наредниот четиригодишен период.
Производителите на раноградинарски култури (оранжериите) веќе неколку години апелираат до Владата и до ресорното министерство за проблемот со нерешеното прашање на земјиштето на оранжериите. Статусот на земјиштето на оранжериите како и самите оранжерии, од страна на надлежните институции се` уште не се решава и покрај презентираната валидна документација издадена од надлежни органи за нивна изградба (урбанистички согласности, одобренија за градба, градежни дозволи и слично).
Конечното правно решавање на статусот на оранжериите и прифаќањето на статусот на оранжериите како правно изградени објекти во голема мера ќе придонесе во севкупното работење на овие правни субјекти, поаѓајќи првенствено од потврдување на сопственичкото право, основ за инвестиции во одржување, санација и модернизација, како и олеснување на комуникацијата по економски основ со доверители, државни институции и со деловните банки.
Сите оранжерии во Р. Македонија (кои покриваат вкупно 240 ха, од кои 200 ха се активни за производство на раноградинарски култури), како основен енергент за загревање користат мазут, со исклучок на оранжериите кои користат геотермална вода за загревање на вкупна површина од околу 35 ха (Кочани, Подлог, Струмица и Гевгелија).
Учеството на мазутот во вкупните трошоци континуирано се зголемува како последица на зголемувањето на цената на мазутот, така што во периодот 2009-2014 година, цената на мазутот е зголемена за 209 %.
Поради енормното зголемување на трошоците за греење (како резултат на порастот на цената на мазутот) од приближно 70% од вкупните трошоци, оранжериите во Македонија - производители на раноградинарски култури (зимско-пролетно производство) се доведени во ситуација комплетно да го изменат производниот циклус. Имено, наместо производство на раноградинарски култури во зимско-пролетниот период (кое производство е интересно во делот на извозот), тие се ориентираат на подоцнежно производство, со што понудата на пазарот се поклопува со понудата од пластениците и вака енормно зголемената понуда има негативно влијание на доходовноста и на оранжериското производство, но и на пластеничкото производство.
Од тие причини, производителите на раноградинарско производство во Република Македонија бараат Агенцијата за стоковни резерви да им обезбеди на домашните производители мазут во периодот на грејната сезона кога производителите на раноградинарски култури се оптоварени со многу трошоци, а немаат реализација (декември - март), а плаќањето на мазутот да го вршат во периодот на зголемена продажба, односно во периодот април-јуни. Со тоа ќе им се помогне на производителите да започнат со производниот циклус за право зимско-пролетно производство, при што ќе имаат можност за одржување на тековна ликвидност во најкритичниот период и избегнување на големите банкарски камати за краткорочни задолжувања за набавка на енергенси. Со организирање на производство на раноградинарски култури (зимско-пролетно производство), би се обезбедиле услови и за организирање на производство на втора култура во рамките на оранжериите и соодветно вработување на работниците во текот на целата година.
Групацијата за оранжериско и пластеничко производство при Стопанската комора на Македонија на последната седница констатираше застој и пречки во оранжериското и пластеничкото производство на раноградинарски култури, како резултат на двојното оданочување при плаќањето на надоместокот за користење топлинска енергија од геотермална вода и нивното повторно враќање во концесискиот рецепиент, како законска обврска која произлегува при добивањето дозвола за експлоатација.
Тие исто така бараат поништување на постојните законски обврски поради следните причини: корисниците на геотермална вода, како концесионери на Секторот за минерални суровини при Министерството за економија веќе еднаш, покрај концесискиот надоместок за користење на концесискиот простор, плаќаат и надоместок за користење вода заради апсорпција на топлинската енергија од геотермална вода.
-Сите досегашни геолошки истражувања покажаа дека реинектирањето на искористената геотермална вода во определено водно тело е неостварливо и неоправдано скапо, истакнуваат од стопанската комора на Македонија. Како замена на оваа законска обврска тие бараат задолжителното вградување на пиезометри за пиезометриско мерење на нивото на подземните води при експлоатацијата на геотермалните води, како релевантен показател за присутните резерви и степенот на искористувањето на водата од водното тело, ќе служи како релевантен аргумент за состојбите со резервите на вода во дотичното експлоатационо поле.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





