29 Септември, 2024
0.0267

УКОР ОД ММФ: Се бара рационално трошење, долговите растат!

Објавено во: Економија 04 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Економскиот раст ќе продолжи со умерено темпо, но прследено со негативни ризици. За гоидинава растот ќе изнесува 3,2%. Од земја со најнизок јавен долг, од 2008 гдина, почнува тенденција на зголемување на долгот. Политичката криза, а сега и отстапувањето од неодманешниот политички договор може негативно да влијае врз економијата. Буџетскиот дефицит ќе расте. Директорите на ММФ бараат фискална консолидација. Ова се дел од препораките во најновата, конечна оценка на ММФ за завршување на јулската мисија во Македонија. Раст на трошоците, економијата под сенка на политиката… Растот на БДП во 2015 година се очекува да достигне умерена стапка од 3,2 отсто, но со значајни негативни ризици, пососчува ММФ во конечната септемвриска оценка. Како клучни фактори на ризик се посочуваат кризата во Грција, но и внатрешно политичката криза. “Отстапувањето од неодамнешниот политички договор би можело негативно да влијае на економската клима и растот. На среден рок, ова исто така може да го искомплицира отворањето на преговорите за пристапување кон ЕУ, кое останува во ќор-сокак девет години поради спорот за името со Грција. Покрај тоа, прелевањето на ризиците од продолжена и длабока криза во Грција може значително да го намалат растот“, се вели во оценката на ММФ. Директорскиот борд го нотира и начинот на кој се полни и се троши Буџетот. Од ММФ очекуваат дека тоа  ќе резултира повторно со подлабок буџетски дефицит во однос на проекцијата. “Сепак, потрфлањето во сферата на Данок на додадена вредност (ДДВ) и неоданочените приходи , како и зголемувањето на платите за полициските сили и дополнителни капитални расходи кои се наложуваат со влошената безбедносна ситуација , најверојатно ќе резултира во повисок дефицит од околу 4% од БДП во 2015, во споредба со таргетираните 3,4 % во буџетот“, нотира ММФ. ММФ позитивно ги оценува напорите на Владата да промовира широк раст, но предупредуваат дека остануваат ризиците поради домашната политичка несигрурност и регионалните притисоци. Потребна е фискална консолидација … Од ММФ и порачуваат на Владата да спроведе фисклана консолидација, доплнително намтната како резултат и на растот на јавниот долг. Според ММФ, фискалниот простор од 2008 година значајно е исцрпен “Директорите ја истакнаа потребата за понатамошна фискална консолидација, во светлина на остриот пораст на јавниот долг и ограничениот простор за политики. Тие истакнаа дека ќе бидат потребни дополнителни мерки за да се оствари поставената цел со ребалансот на буџетот за 2015 година, вклучувајќи ги и наплатата на заостанатите даноци и кратењето на трошоците на планираното зголемување на стоки и услуги . Гледајќи напред, директорите ја поздравија намерата на властите да го намали вкупниот дефицит под 3 отсто од БДП во согласност со нивната среднорочна фискална стратегија и да се втемели одржливоста во фискалните правила. Тие препорачуваат плафонот на планираниот долг од 60 отсто од БДП да биде надополнет со понизок оперативен праг или должничката кочница да создаде соодветен простор за фискалната политика да биде во состојба да им се спротивстави на макроекономските и демографски шокови. Директорите, исто така, повикуваат на зголемувањето на напорите за зајакнување на управувањето со јавните финансии, подобрување на ефикасноста на приходите, расходите и рационализирањето на трошоците“, се вели во оценката на ММФ. Од ММФ ги поздравија напорите на властите за да ја зачуваат финансиската стабилност и да го ублажат ударот од можни прелевања од кризата во Грција. “Тие препорачуваат властите да се подготвени да се заостри монетраната политиката, вклучувајќи и користење макропрудентните инструменти, во случај на притисоците од побарувачката или поради  ризици по  финансиска стабилност. Директорите ги пофалија напорите на властите за да се зајакне супервизорската рамка и алатките за управување со кризи, како и подобрена комуникација и размена на информации во рамките на единствениот европски надзорен механизам“, пишува во оценката на ММФ во која меѓудругото се посочува дека се поздарвуваат и напорите на властите за привлекување на странски директни инвестиции и зголемување на извозот и вработеноста. “Тие ги повикаа властите да продолжат со структурни реформи за да се обезбеди посилно создавање на работни места и пошироко споделување на економските придобивки  преку поголемо прелевање во домашната економија. Директорите препорачува дополнителни напори за обезбедување на полесен пристап до кредити за фирмите, скратување на роковите при доцнење во наплатата, односно предвидлива законска и регулаторна рамка, зголемена конкурентност како и рационализација на многубројните инспекциски тела“, пишува на крајот од оценката на ММФ. По последната мисија на тимот на ММФ на Македонија не беше оддржана заедничка пресс конференција со македонските власти, што беше досегашна вообичаена пракса. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија