Украдено службеното возило „ауди А6“ на македонската амбасада во Мадрид
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2016
Возило „ауди А6“ кое што македонската амбасада го поседуваше во Мадрид е украдено.
Оваа информација за Фокус ја потврдило министерството за надворешни работи.
За кражбата се известени Интерпол и Министерството за надворешни работи на Кралството Шпанија, како и осигурителната компанија во која е осигурано возилото.
„На 24. 10 2016 година е украдено службеното возило на амбасадата на Република Македонија по што кражбата е пријавена во националната полиција во Мадрид каде е составен записник за состојбата“, велат од МНР.
Министерството демантира дека службеното возило е скришум земено за приватни цели од страна на вработен во амбасадата.