Украина главна тема во Минхен
Објавено во: Свет 07 Февруари, 2015 10:38
Во продолжение на Минхенската конференција главна тема ќе бидат судирите во Украина, ден откако е соопштено дека во тек е работа на нацрт спогодба за решение на таа земја.
Рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд вчера во Москва разговарале пет часа за Украина, обидувајќи се да најдат решение за таа земја, но после тоа на новинарите не им рекле за нацртот на можната спогодба.
Во текот на вториот ден на Минхенската конференција денеска се очекува обраќање на Ангела Меркел, после која ќе говори рускиот министер за наворешни работи Сергерј Лавров и Кери, а потоа и потпретседателот на САД Џозеф Бајден и украинскиот претседател Порошенко.
Потоа ќе се состанат Лавров и Кери, а после тоа е закажан состанок на Меркел , Бајден и Порошенко.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитирј Пешков вчера после состанокот на тројцата лидери, рекол дека документот за решавање на кризата во Украина би вклучил и предлози кои ги изнеле Порошенко и Путин.
Оланд и Меркел вчера во Москва на Путин му предложиле нов мировен план за решавање на десетмесечниот конфликт во источна Украина, во која досега загинале повеќе од 5 300 лица.
Детаљите од тој предлог не се обелодинети, но западните медиуми пренесуваат дека примирјето, разрешување на судирите на истокот од Украина, со разместување на „плави шлемови“ на ОН и преговори за федерализација на земјата, слични на Дејтон, веројатно биле клучни точки на мировниот план.
На 51 Михенска конференција учествуваат двесетина шефови на држави или влади и повеќе од 40 министри за надворешни работи и одбрана.
И претседателот Ѓорѓе Иванов ќе земе учество на оваа конференција во Минхен.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




