УКРАИНА ЈА ОСУДИ ИЗЈАВАТА НА КОСТАДИНОВ: Toj ја потврдува неговата систематска пропаганда на наративите на Кремљ
Објавено во: Балкан, Свет 10 Јануари, 2025 17:47
Украина ја осуди изјавата на бугарскиот политичар Костадин Костадинов.
Амбасадата на Украина во Бугарија, ги осуди територијалните претензии на лидерот на „Преродба“, Костадин Костадинов кој кажа дека Јужна Бесарабија и Македонија треба да се припојат кон Бугарија.
„Во врска со изјавата на лидерот на партијата „Преродба“, испраќаме осуда на изјавата на политичар кој повикува на кршење на нормите на меѓународното право, ги искривува историските факти и промовира прераспределба на границите во Европа. Изјавите на партискиот лидер на „Преродба“ за територијалната агресија против Украина е неприфатлива за политичар на ЕУ и ја потврдува неговата систематска пропаганда на наративите на Кремљ“, стои во објавата.И македонските власти ја осудија изјавата. Тие побараа Софија да реагира.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




