Украина: ОН да ја прогласат Русија за спонзор на тероризмот!
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2015 12:33
Амбасадорот на Украина во Обединетите нации денеска рекол дека неговата земја наскоро ќе побара од членките на ОН формално да ја прогласат Русија за спонзор на тероризмот.
Јуриј Сергејев пред новинарите рекол дека Украина ќе поднесе СБ ОН нацрт резолуција, која ќе ја повтори декларацијата на парламентот усвоена оваа недела.
Во таа декларација се бара и самопрогласените републики на истокот од Украина да бидат прогласени за терористички организации, што формално ја спречува можноста за одржување на мировни преговори со нивните претставници, пренесува АП.
Сергејев, исто така предупредил дека ќе дојде до „голема војна“ доколку проруските сили завземат поголема територија или изградат коридор до Крим, кој Русија си го присвои пред година дена.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




