Украина: Пукано врз цивили во текот на евакуација
Објавено во: Свет 08 Февруари, 2015 10:40
Украинските сили отвориле оган врз цивили и новинари кои се евакуираат од селото Чорнукин, при што најмалку едно лице е повредено, соопштуваат властите на Луганск. Конвојот со автобуси за евакуација на цивили од Дебаљцево стигнале во тој град, јавува дописник на АФП.
Под оган се најдоа и рускиот новинар Дмитриј Малишев и Арти Кол, јавува Спутник. Според сведочењето на Кол за ТВ канал Русија-24 нападот е дело на доброволци од баталјонот Ајдар, кои „пукале на се што мрда“.
Под оган се нашле и новинарите на ТВ канал Русија и РТ во градот Дебаљцево, во регионот Доњецк, кој известувале за евакуација на цивили од зоната на судирите.
Утрово од девет часот по локално време во Дебаљцево се спроведува краток хуманитарен прекин на огнот како би се отворил коридор за евакуација на преостанатите околу 7000 цивили.
Околу 25 автобуси од двете страни, и проруските сепаратисти и украинските власти, стигнал утрово во Дебаљцево пренесува новинската агенција Франс прес.
Во извештаите на малобројните репортери од лице место наведено е покрај останатото дека сите кои сакаат може да го напуштат Дебаљцево, но и тоа дека во 20 автобуси може да се соберат околу 1000 луѓе, па останува двоумење што со останатите, бидејќи Доњецк е 75 км далеку.
Украинските репортери јавуваат дека конвојот го напуштил Дебаљцево, како и тоа дека војската уништила едно жариште на проруските сили, откаде го гаѓале патот по кој се движат возилата за снабдевање.
Според извештаи на РИА Новости, украинските сили пукале од минофрлачи, но не ги гаѓале конвоите со автобуси туку само провоцирале пукање во празно.
Украинската агенција Унијан јавува дека властите во ДНР упатиле одред на специјаци од 70 луѓе кои се руски држвјани и служеле како диверзанти во регуларна руска армија.
Дебаљцево е клучна железничка врска помеѓу двата главни жаришта на проруските сили (Луганск и Доњецк) кое со денови го опсипуваат со артилериски оган. Украинската војска држи еден дел од градот, но тој и понатаму е на удар на бомбардирање.
Организацијата Амнести интернешенел оваа недела објави дека повеќе од 25 000 жители на Дебаљцево веќе одамна си заминале, но околу 7000 се'уште се наоѓаат во тој град.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




