20 Декември, 2025
0.0697

Ултра Распродажба во Капитол Мол

Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2017 11:27

Добивај вести на Viber

По ладните зимски денови, секогаш следи трансформација на навиките и опкружувањето. Од удобното и топло домашно прибежиште, се започнува да се цели кон пролетната раздвиженост низ урбаните градски улици. Познат по изненадувањата кои ги организира за своите посетители, Капитол Мол овој пат одлучи со стил да ја испрати зимската сезона. Затоа од 22ри до 26ти февруари, во срцето на Општина Аеродром, во Капитол Мол секој ќе има можност да биде дел од ултра-уникатно шопинг искуство.

Со желба за освежување на својот стил и изглед, притоа оставајќи го својот личен печат низ полу-разбуденото Скопје, посетителите во Капитол Мол ќе имаат шанса да го збогатат својот гардеробер со одбирање на ултра-модерни модни комбинации. Пронаоѓајќи го својот стил некаде помеѓу мирисот на раната пролет и последните траги од зимата, Скопјани неколку дена ќе имаат можност да бидат ултра расположени во еден од најубавите трговски центри во главниот град.

Почнувајќи од денес, во Капитол Мол во полн ек започнува единствената Ултра Распродажба, каде сите љубители на шопингот ќе можат да се збогатат со прекрасни модни парчиња, шминка, модни додатоци, часовници, средства за хигиена и многу други производи. Ултра Распродажба-та на Капитол мол ќе трае цели пет дена, а сите кои ќе го посетат молот, ќе можат да најдат производи намалени и до -70% попуст.

Секој кој е цврсто убеден во својот стил, ќе ја има можноста да го пронајде своето омилено модно парче додека трае оваа ултра промотивна акција. За шопингот да биде додатно исполнет со енергија, Капитол Мол организира забава за сите во текот на викендот – забавно искуство кое ќе им помогне на посетителите да се опуштат и да го направат својот совршен избор.

Капитол Мол отсекогаш посветувал уникатна грижа за сите свои посетители преку богата забавна програма, привлечни активности и промоции, низ текот на целата година. Искуството е секогаш уникатно и пријатно, исполнето со забава, среќа и радост, а очигледно е дека и во вториот и најкраток месец во годината истото навистина не е исклучок.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии