19 Декември, 2025
0.0384

Унгарија даде „зелено светло“ за изградба на ѕид на границата со Србија

Објавено во: Балкан 07 Јули, 2015 11:37

Добивај вести на Viber

Унгарскиот парламент усвоил закон кој ги заострува условите за азил, пренесоа агенциите. Новите правила даваат правна основа за изградба на ѕид на јужната граница со Србија, која ќе има за цел да го запира протокот на илегални имигранти.

Законот предвидува и намалување на рокот за разгледување на барањата за азил. Исто така, тој им овозможува на унгарските власти да одбиваат азил на имигранти кои доаѓаат од Сирија, Авганистан или Ирак, кои веќе поминале низ „сигурни“ земји.

Организацијата на Обединетите нации и Советот на Европа ги осудија промените, и истакнаа дека на овој начин ќе се ослабне заштитата на бегалците во Унгарија.

Неодамна премиерот Виктор Орбан изјавил дека Унгарија „треба да се заштити со сите средства од бегалскиот бран, кој поминува низ Балканот“.

Само од почетокот на оваа година во земјата пристигнале околу 70 000 лица кои влегле главно од Србија.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен