УНГАРСКА НОВИНАРКА: Груевски и Орбан имаат блиски врски, во следните денови ќе знаеме што ќе се случи
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2018 16:36
Mислам дека ова е прв ваков случај во последните пет години или повеќе, вели унгарската новинарка Мариан Ори, која работи во конзервативниот унгарски весник Magyar Hírlap, за барањето на азил на македонскиот пратеник и екс премиер, Никола Груевски.
Taa вели дека во идните денови ќе се знае како ќе постапи нивната Влада, и нивните власти, но потсетува дека нашиот екс премиер и нивниот премиер, Виктор Орбан имаат идентични ставови за повеќе прашања.
„Ние уште ништо не знаеме што вели нашата Влада, и што властите ќе соопштат, но сигурна сум дека ќе знаеме повеќе во следните неколку дена. Она што со сигурност го знаеме е дека вашиот Груевски и нашиот премиер Виктор Орбан имаат блиски врски, и дека Орбан лично ја поддржа кампањата за изборите на ВМРО-ДПМНЕ. Се согласуваат за важноста на борбата против Сорос и соработката со Македонија против миграцијата беше одлична во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, вели таа.
Додава дека четири години веќе пишува за состојбите во Македонија и предупредува дека она што се случило со активностите на невладините организации во Сорос во Македонија, според неа, треба да бидат знак за предупредување и за Унгарија. Таа е добар познавач на македонската политика, интервјуирала повеќе македонски министри и шефот на државата, Ѓорѓе Иванов.
Груевски на Фејсбук напиша дека е во Унгарија, и дека ќе бара азил затоа што добивал закани по живот. Во постот наведе дека ќе се бори за македонската кауза.
Тој се бара со потерница за да одлежи две години затвор за случајот „Тенк“ на СЈО за набавка на луксузниот мерцедес.
Сања Атанасовска
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




