05 Декември, 2025
0.0370

УНИБанка АД Скопје: Потрошувачки кредит со 5,9% фиксна каматна стапка за првата година

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2013 12:11

Добивај вести на Viber

УНИБанка АД Скопје настојувајќи да им излезе во пресрет на своите клиенти и на граѓаните, промовираше атрактивен кредитен продукт – Ненаменски потрошувачки денарски кредит со најниската каматна стапка 5,9% фиксна за првата година. Износот за овој кредит е до 900.000 денари и рок на отплата до 10 години. Кредитот е наменет за вработените во јавна администрација и акционерски друштва кои ја примаат платата во УНИБанка. Сите нови корисници на ненаменскиот потрошувачки кредит ќе добијат моментално најниската каматна стапка на пазарот од 5,9 отсто. Со овој чекор значително би се олеснило плаќањето на непредвидените трошоци, затворањето на постоечките финансиски обврски или пак едноставно би се задоволила потребата на граѓаните од готови пари. Процедурата е брза и едноставна, односно секое барање на клиентите се разгледува и одобрува во рок дo 3 работни дена. Клиентите кои својата плата ја земаат преку друга Банка во моментот на аплицирање, имаат можност да достават барање за намалување на каматната стапка на исплатениот кредит, доколку ја пренесат својата плата во УНИБанка. “Кредитите, со кои во изминатиот период ја проширувавме нашата палета на услуги наменети за граѓаните, се со исклучително ниски каматни стапки, заради што тие веднаш станаа атрактивни и барани од клиентите.  Следејќи ја побарувачката, продолжуваме со привлечните понуди, ставајќи го акцентот на ненаменскиот потрошувачки кредит со каматна стапка 5,9% фиксна за првата година, која моментално е најниска на пазарот за овој вид кредити, со истовремено поволни рокови за отплата. На овој начин им овозможивме за клиентите да одберат кредит со кој веруваме дека ќе излеземе во пресрет на нивните финансиски потреби и можности” изјави Александра Керметчиева, директор на Дирекција за кредитирање на мало во УНИБанка.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј