УНИБанка трета година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“
Објавено во: Мои пари 11 Јули, 2025 10:06
УНИБанкаАД Скопје и оваа година е дел од најзначајната културна манифестација во државата „Охридско лето“. Како традиционален поддржувач на фестивалот, Банката уште еднаш ја потврдува својата определбада поддржува значајни културни настани, верувајќи дека културата е срцето на секое општество, а уметноста јазикот што ги поврзува сите генерации.
65-тото издание на фестивалот традиционално започнува на 12 јули и трае до 20 август. Оваа година, со богата роденденска програма, нуди 29 музички настани и настапи на над 300 уметници од САД, Кина и Европа.
Под мотото „Уметноста трансформира“, Охрид ќе се претвори во хибриден простор на музика, драма, визуелна уметност и глобална културна сцена. Концертите и театарските претстави ќе се одржуваат на уникатни локации како црквата „Св. Софија“ и Античкиот театар, што претставува значаен придонес во зачувувањето и оживувањето на културното наследство.
Фестивалот претставува мост меѓу локалното и глобалното, со можност светот да ја запознае Македонија преку уметноста. Истовремено, обезбедува платформа за македонски музичари, актери и уметници да настапуваат рамо до рамо со светски признати имиња.
Секоја година, над 30.000 посетители од земјата и странство уживаат во културната понуда на спектакуларните сцени низ Охрид, впивајќи ја магијата на уметноста покрај брегот на Охридското Езеро.
Културата отсекогаш имала моќ да обединува, да создава вредност и да гради врски меѓу луѓето – вредности со кои се идентификува УНИБанка како активен дел од заедницата.
Во рамки на својата општествена одговорност, УНИБанка ќе продолжи со поддршка на културни и општествени проекти, со фокус на младите, спортот, иновациите и зачувувањето на културното наследство.
И ова лето, заедно со УНИБанка, уживајте во магијата на уметноста на брегот од Охридското Езеро.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




