Уникатен шопинг и забава со „Ултра Распродажба“ во Капитол Мол
Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2017 11:41
Шопингот е посебна култура исполнета со разни искуства и вредности кои секојдневно ги збогатуваат чувствата на голем број на луѓе. Со купувањето на модни парчиња секој ја креира својата личност преку својот изглед. Се истакнува и ги изразува карактеристиките кои ги поседува. Капитол Мол го надополни ова искуство и на крајот од сезоната есен-зима ги изненади посетителите со организацијата на Ултра Распродажба која започна на 22ри и траеше до 26ти февруари. Во срцето на Општина Аеродром илјадници граѓани беа дел од шопинг искуството кое го понуди Капитол Мол.
Секој трага по својата уникатност и самостојност изразувајќи се преку модните парчиња и додатоци, посебно моделите и модните блогерки. Познатите македонски блогерки, Емилија Вутиновска и Дани Ѓуровска, ја потврдија специфичноста на шопингот и го посетија Капитол Мол за време на Ултра Распродажбата, каде заедно со посетителите уживаа,трудејќи се да одберат од големиот избор на омилените парчиња облека и накит.
Во Капитол Мол, покрај екстензивните попусти кои беа понудени, беше организирана и забава за посетителите. Настапот на познатиот ДЈ Боби го исполни центарот со музика и придонесе за раздвижена шопинг атмосфера. Во еден од најубавите трговски центри во градот, Капитол Мол беше преплавен со луѓе во потрага по своетоултра модно парче. Попустите се движеа и до -70% во скоро сите продавници и можеше да се најдатпрекрасни модни додатоци како часовници, декоративна козметикаи облека. Љубителите на шопингот кои беа дел од ова ултра-уникатно искуство го освежија својот стил и ја надополнија својата гардероба со омилените производи.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




