Унитети со Иницијатива за уставност: Ги оспоруваат изборите
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2016
Со инцијатива која Унитети ќе ја достави до Уставниот суд денеска ќе се обиде да ги оспори изборите закажани за 11 декември.
Партијата од албанскиот блок бара да се оцени уставноста и законитоста на Решението за распишување на предвремени избори за пратеници, од страна на претседателот на Собранието.
Од Унитети сметаат дека без балансирање на изборните единици се крши Член 22 од Уставот на Република Македонија кој гарантира еднаквост на избирачкото право, како и Член 51 од Уставот и дека со рапишувањето на изборите се кршат и норми од Изборниот законик.
За нив со ова решение изборите се антиуставни и незаконски.
Во изборната единица 6 има 0,28 отсто повеќе запишани гласачи, односно 5,28 според последните официјални податоци на надлежните податоци , но законот дозволува отстапки до 5 отсто.