27 Јули, 2024
0.0336

Универзитетот Шефилд се искачи на QS ранг листата на 100те најдобри универзитети во светот

Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Универзитетот Шефилд повторно е прогласен за еден од најдобрите универзитети во светот според QS светската ранг листа и со тоа уште еднаш ја потврди својата водечка позиција во квалитетната едукација и академското истражување.

Согласно рангирањето, Универзитетот Шефилд е на 82-ро место на листата најдобри универзитети во светот, на 26-то место во Европа и на 13-то место на листата најдобри универзитети во Велика Британија. Споредено со минатата година универзитетот се искачи на листата за 4 позиции. Глобалната репутација според начинот на кој оваа образовна институција ги инспирира студентите и вработените да се стремат кон квалитет,кон подобро образование и истражување, е главниот фактор за водечката позиција.


QS рангирањето е реномиран метод според кој се категоризираат 959 најдобри универзитети во светот. Во последната анализа учествуваа 75,015 академици и 40,455 вработени кои го дадоа своето експертско мислење. За прецизно  формирање на ранг листата беа анализирани 12,3 милиони академски трудови и 75,1 милион цитати со цел да се измери придонесот на академските истражувања предложени од најдобрите универзитети во светот.

Претседателот и заменик-канцелар на Универзитетот Шефилд, професорот Кит Барнет, изјави:„Охрабрувачки е да се види дека Универзитетот Шефилд повторно е на висока позиција на листата најдобри универзитети во светот. И покрај исклучителниот развој на универзитетите во Азија и во други делови на светот, нашиот универзитет е меѓународно познат по стипендирање на студиските програми и по академските достигнувања, но исто така е на пионерска позиција во индустријата и според начинот на кои работиме да ја подобриме економијата и воопшто квалитетот наживотот. Денес ние продолжуваме со исполнување на нашите ветувања, истакнувајќи ги разликите како во  нашиот град и регион, така и во целиот свет.”

Универзитетот Шефилд неодамна беше прогласен за број еден во Расел Групата и трет најдобар универзитет на национално ниво за студентско искуство. Анкетата спроведена од страна на TimesHigherEducationза мерење на студентското искуство во 2017 година, деветта година по ред го прогласи Шефилд за универзитет со најдобра студентска заедница во Велика Британија.

Универзитетот Шефилд е единствениот од топ 100 листата во светот кој обезбедува високо признати дипломи достапни и за македонските студенти преку Меѓународниот факултет, Сити Колеџ во Солун. Меѓународниот факултет, Сити Колеџ нуди додипломски и постдипломски студии за Бизнис администрација и економија, Психологија, Компјутерски науки и Студии по англиски јазик и лингвистика. Меѓународниот факултет, исто така, располага со најпрестижните EMБA програми во регионот, а нуди и докторски студии преку истражувачкиот центар на Југоисточна Европа, со седиште во Солун. Досега, на повеќе од 900 високо почитувани студенти од државата им се доделени дипломи од Универзитетот Шефилд во различни области, со  традиција долга повеќе од 20 години.

Високото глобално рангирање јасно го покажува квалитетот на образованието и програмите понудени од страна на Универзитетот Шефилд и Меѓународниот факултет Сити Колеџи уште еднаш го потврдува угледот којдипломците на Универзитетот Шефилд го уживаат.

Целосната ранг листа на универзитетите на светско ниво може да се види на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје