20 Декември, 2025
0.1113

Управувајте со вашиот бизнис со Telekom MK апликацијата за деловни корисници

Објавено во: Мои пари 29 Јули, 2022 12:58

Добивај вести на Viber

Сигурно голем дел од претприемачите секојдневно размислуваат како да си го поедностават и да си го олеснат работењето, а истовремено бизнисот да расте, и притоа да имаат целосна контрола над него. Технологијата ни е пријател – особено кога е во прашање водењето на сопствен бизнис и ефикасното управување со истиот. Истовремено, бројните алатки кои ни помагаат да маневрираме низ денот станаа толку достапни, што уште одамна „ги носиме“ со нас во нашите паметни телефони.

Денес можеме лесно да го организираме и да го водиме бизнисот без наше физичко присуство.  

Мобилната апликација Telekom MK на деловните корисници им овозможува целосен приказ на телекомуникациските услуги и едноставна и лесна контрола на трошоците, преку нивниот мобилен телефон.

Telekom MK на деловните корисници им овозможува увид во нивната тарифа и информација за моменталната интернет состојба и потрошениот сообраќај. И сето тоа, со само еден допир на екранот, со само еден прст!

Почетниот екран дава јасен преглед на сите достапни услуги, како и брз пристап до сите функционалности. Преку  „Детали за сметка“, имате увид во сите работи поврзани со вашата сметка, а со Telekom MK можете да активирате и да деактивирате пакети по ваш вкус, но и да промените тарифа доколку сметате дека некоја друга повеќе ви одговара. Повторно – само со еден допир, само со еден прст.

Електронските алатки можат да ни заштедат драгоцено време и да ни понудат различни одговори за прашањата коишто нè засегаат. Некои од нив нè информираат, а некои ни даваат можност и поголема контрола над животот и над работите кои ни се важни.

Апликацијата Telekom MK е достапна за сите нови и постојни деловни корисници на Македонски Телеком коишто ги користат Magenta 1 Business и Business тарифите. Таа е компатибилна со сите видови паметни телефони, а можете да ја најдете на Google Play, App Store и AppGallery.    Преземањето од сите три места е комплетно бесплатно.

Доколку ја немате, преземете ја апликацијата Telekom MK за деловни корисници веднаш и промотивно активирајте 100GB мобилен интернет за 1 денар. Не ја пропуштајте оваа можност!

Дознајте повеќе на: https://telekommk.page.link/9k1S       

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии