20 Јануари, 2025
0.0288

Уредник уценувал претставник на ДИК, од весникот негираат

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Новинар и главен и одговорен уредник на дневен весник уценувал претставник на Државната изборна комисија, стои  во полицискиот билтен. 

Преставникот на ДИК вчера во СВР Битола пријавил дека главниот и одговорен уредник на весникот „Лајм“ му се заканувал со компромитирање на неговата личност ако во весникот не бидат објавени кандидатските листи за пратеници.

Реџеп Прекопуца кој е и член на ДУИ, вчера бил на службено патување со уште двајца претставници од ДИК во Битола заради надзор за печатење избирачки материјал. Од МВР известуваат дека тој пријавил дека на неговиот службен мобилен телефон му се јавило лице кое му се претставило дека е од дневен весник „Лајм“.

Прекопуца се пожалил дека му биле упатени разни погрдни зборови како и закана од уредникот на „Лајм“ дека ќе биде даден на суд доколку весникот не добие 20 илјади евра.

Од весникот „Лајм“ тврдат дека се работи за груби лаги изнесени од потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца кон уредникот на весникот „Лајм“. Велат дека Прекопуца бил тој кој се заканувал, пцуел и викал по уредникот на „Лајм“. 

„Лајм“ информира дека вчера го побарале Прекопуца откако од ДИК ги известиле дека токму поради негова грешка нема да се објави оглас во нивниот весник за кој претходно се договориле. 

„Нашата понуда за објавување оглас од 30 страни во вредност од 240 илјади денари (цена со 50% попуст во однос на официјалниот ценовник) пред членовите на ДИК, Прекопуца ја претставил како понуда од 1 милион и 240 илјади денари“ - пишува во известувањето од весникот.

Според „Лајм“ ова е намерно направено затоа што, како што објаснуваат, во документот подолу пишувало дека цената за објавата со ДДВ ќе биде 280.000 денари. Тие најавија и тужба.

Од МВР  работат на целосно расчистување на случајот. 





Можеби ќе ве интересира

ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО ПРИЛЕП: Што велат психолозите, треба ли луѓето да се тестираат дали се спремни за родители?

ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО ПРИЛЕП: Што велат психолозите, треба ли луѓето да се тестираат дали се спремни за родители?

БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ВО ПОРАСТ, ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ПОЧНУВА НАВРЕМЕ: Постои ли зголемен ризик од ширење на сезонскиот вирус

БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ВО ПОРАСТ, ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ПОЧНУВА НАВРЕМЕ: Постои ли зголемен ризик од ширење на сезонскиот вирус

„РАЗБИРАМ ВЕРНИЧКА, РАЗБИРАМ ТРАДИЦИИ, АМА СЕКОЈ БОЖЈИ ПРАЗНИК СО/ДО ПОГЛАВАРОТ ДА БИДЕШ?“ Ванковска за Силјановска Давкова и вчерашното одбележување на Водици

„РАЗБИРАМ ВЕРНИЧКА, РАЗБИРАМ ТРАДИЦИИ, АМА СЕКОЈ БОЖЈИ ПРАЗНИК СО/ДО ПОГЛАВАРОТ ДА БИДЕШ?“ Ванковска за Силјановска Давкова и вчерашното одбележување на Водици

„ДОБРО УТРО ОД ВАШИНГТОН“: Муцунски со селфи ја поздрави Македонија од САД

„ДОБРО УТРО ОД ВАШИНГТОН“: Муцунски со селфи ја поздрави Македонија од САД

СЛЕДНИОТ ВИКЕНД ПРОБИВА ПОТОПЛА ВОЗДУШНА МАСА ОД ЈУГ КОН МАКЕДОНИЈА: Температури и над 15 степени! Попоски со најава

СЛЕДНИОТ ВИКЕНД ПРОБИВА ПОТОПЛА ВОЗДУШНА МАСА ОД ЈУГ КОН МАКЕДОНИЈА: Температури и над 15 степени! Попоски со најава

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна