05 Декември, 2025
0.0521

Уште 15 македонски млекарници на тест: денеска ќе се знае има ли во земјава Афлатоксин?

Објавено во: Агробизнис 26 Февруари, 2013 08:57

Добивај вести на Viber

Во текот на денешниот ден ќе бидат готови резулатите од лабораториските анализи на домашното млеко во промет од преостанатите 15 македонски млекарници. Деновиве беа готови резултатите од анализите на 20-тина мостри земени од поголемите домашни производители и преработувачи на млеко, во кои не беше утврдена зголемена концентрација на афлатоксинот М1. Испитувањата се вршеа во лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина, каде што методите за испитување се акредитирани. Иако на листата беа само имињата на млеката без дополнителни податоци за нивниот рок и референти вредности за евентуално присуство на афлатоксинот М1, од Агенцијата за храна и ветеринарство тврдат дека во тоа нема ништо спорно, важно било дека прелиминарните анализи не покажале зголемена концентрација на токсинот и дека домашнот млеко е безбедно, а листите биле со нецелосни информации бидејќи сеуште не биле верификувани од Институт за ветеринарна медицина. Во текот на испитувањата како што велат од Агенцијата биле опфатени сите македонски млека на рафтовите во 90 отсто од малопродажбата. Измени во правилниците Скандалот со афлатоксинот во дел од српските и хрватските млека, сериозно ги замисли и македонските институции, па сега одлучија да направат и измени во дел од Правилниците. Досега на граничните премини лабораториски анализи се вршеа на само 50 отсто од увозните пратки, со образложение, дека секоја земја извозник има законска обврска со Мониторинг програмата да врши лабораториски анализи на суровото млеко, врз основа на што на граничните премини млекото стигнува со сертификат за безбедност. Сега Правилникот за начинот и вршење проверка при увоз, се измени, односно лабораториските анализи особено за присуство на афлатоксин на граничните премини ќе се прават задолжително на сите увозни пратки. Дополнително секоја македонска млекарница е должна пред да го пушти млекото во промет, да направи анализа за евентуално присутво на афлатоксинот М1. Од Агенцијата најавија дека е можно да се направат и измени на Правилникот за безбедност на храна, според кој сега лабораториските анализи на финалните млечни производи не се задолжителни. Но, и за ова како што уверуваат надлежните нема место за паника, бидејќи Агенцијата согласно Мониторинг програмата има обврска во текот на годината да земе 81 мостра од сурово млеко, за да испита афлатоксин. Од Агенцијата велат дека квотата ја исполниле, а во испитаните 81 мостра, не било утврдено зголемено присуство на канцерогениот токсин. Зошто порано не се вршеа контроли? Токму последните случувања со увозните млека, го отворија прашањето дали контролите на надлежните институции на терен требаше и поодамна да се засилат? Дали требаше да се случи ваков скандал, за македонските потрошувачи конечно јавно да видат дел од извештаите од контролите на производите, прашуваат експертите? Предупредуваат дека контролите треба да се засилат, да се прават почесто и јавно да се изнеуваат извештаите. -Тоа треба да биде стратегија на Агенцијата за храна и ветеринасртво, не само кога ќе има вакви случаеви, и јавно да се изнесуваат извештаите за безбедноста не само на млекото туку и на останатите прехранбени производи. Дури сега откако се појави афлатоксинот М1 во дел од хрватските и српските млека, се изнесоа некои податоци, вели професор д-р  Билјана Петановска Илиевска. Инаку присуство на афлатоксинот М1 над дозволените граници беше утврдено и во дел од пратките од српските и хрватските брендови кои влегле во земјава. Од Агенцијата за храна и ветеринарство, уверуваат дека спорните пратки се во магацините на увозниците и не стигнале до потрошувачите. За нив ќе бидат известени матичните компании во Хрватска и Србија, а пратките или ќе бидат вратени или уништени.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?