Уште 22 новозаболени, вкупно 136 во Македонија
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Март, 2020
Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата, соопшти министерот Венко Филипче.
Од новозаболените од Скопје се 15, од Дебар четворица, од Куманово двајца а од Охрид е едно лице.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136.
Двајца се починати.