05 Декември, 2025
0.1363

Уште четири дена аналоген ТВ сигнал

Објавено во: Мои пари 28 Мај, 2013 13:13

Добивај вести на Viber

Петте национални телевизии и една регионална ТВ ЕДО до денеска се поврзале на дигиталната платформа на телекомуникацискиот оператор ОНЕ, преку која в сабота треба да стартува дигитализацијата на телевизиските програми и комплетно да биде исклучен аналогниот сигнал.

Цирил Кафол, генерален извршен директор на ОНЕ, оператор избран преку тендер од Агенцијата за електронски комуникации, денеска  информира дека технички се целосно подготвени да ја спроведат дигитализацијата и оти во регионите каде дигиталните фрекфенции се слободни веќе е пуштен тест сигнал. Ги правиме последните тестирања на нашата дигитална платформа за да може на 1 јуни да ги емитуваме дигитално сите телевизии што ќе склучат договор со ОНЕ, рече Кафол на заедничка прес-конференција со првите луѓе на надлежните институции за дигитализацијата, Министерството за информатичко општетсво МИОА, Советот за радиодифузија СРД и АЕК.

ОНЕ, информира, веќе пушти тест сигнал во 4 региони на емитување каде фреквенциите не се зафатени од постоечките телевизии кои емитуваат аналогно. Дигитален сигнал е пуштен во пошрокото подрачје на Тетово, Гостивар, Прилеп, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Ресен, Охрид, Струга, Штип, Кочани и Пробиштип.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски апелира граѓаните да се подоготват за дигитализацијата и да набават дигитален приемник (сет-топ-бокс) за да можат да ги следат програмите. Според анализите на Советот за радиодифузија (СРД), 15 проценти од домаќинствата  во целата држава не користат услуги на кабелски оператори, а од нив само оние што немаат современ телевизор ќе треба да набават ресивер.

- Први јуни 2013 година е значаен ден за Република Македонија. Единствени сме во регионот што го исклучуваме аналогниот ТВ сигнал, со што на граѓаните им се овозможува да имаат поквалитетна  слика, повеќе содржини. Со оваа платформа се овозможува креирање нови работни места, а медиумите ќе може да презентираат повеќе содржини, рече Ивановски.

Тој информира дека јавниот телевизиски сервис, „Македонска радиодителевизија“,  е веќе подготвена и до крајот на летото ќе може да емитува програма со висока резолуција  HD. Тоа ќе биде првиот канал во Македонија  што ќе емитува со оваа резолуција  преку операторот ЈП „Македонска радиодифузија“ која треба да ја набаваи целата опрема до крајот на годината. Додека МРД да ја инсталира целокупната опрема тие канали ќе се следат преку мултиплексот на ОНЕ, појасни Ивановски, додавајќи оти очекува во најскоро време и останатите национални телевизии  да ја надградат својата опрема за да можат да емитуваат HD.

Директорот на АЕК Роберт Орданоски и претседателот на СРД Зоран Трајчевски апелираа граѓаните да се обратат до овие институции доколку има проблеми  со приемот и квалитетот на сигналот. - АЕК во целиот овој процес ќе биде тело што  ќе го контролира квалитетот на услугите што ќе ги нуди ОНЕ.  Нашата нова мерна опрема и нашите тимови ќе бидат присутни постојано на терен. Квалитетот на  сигналот што ќе го испорачува ОНЕ до крајните корсиници треба да биде на максимално високо ниво. Ние ќе го контролиораме тоа, рече Орданоски, повикувајќи ги граѓаните  да пријават проблеми со прием на сигналот на бесплатниот телефонски број 190.

Според Трајчевски, поради исклучувањето на аналогниот сигнал в сабота, СРД ќе работи и во текот на викендот за да може да излезе во пресрет за отстранување на какви било проблеми при стартот на дигитализацијата.

Од вкупно 61 телевизија во целата држава  60 телевизии побараа промена на дозволата од СРД за премин од аналогно во дигитално емитување. Од нив 30 телевизии ќе емитуваат програма преку операторот ОНЕ, а 30 на локално ниво. - Во меѓувреме СРД донесе одлука за доделување дозвола за национално емитување на ТВ Алфа, што значи дека  пет национални, шест од постојните регионални телевизии во Скопје и 20  од поранешните локални телевизии ќе емитуваат преку ОНЕ, а 30 телевизии преку  операторите на јавни комуникациски мрежи, рече Трајчевски.

Потребните сет-топ-бокс за следење на програмите со стартот на дигитализацијата се достапни на повеќе од 1.000 продажни места во Македонија. Граѓаните можат да ги набават во салоните на ОНЕ и во сите продажни места за техничка опрема. Цената на уредот изнесува 990 денари. Такви уреди бесплатно ќе добијат корисниците на социјална помош. За таа категорија граѓани државата преку МРТ набави 40.000 сет-ап-боксови. Можат да ги подигнат во центрите за социјални работи

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј