Добивај вести на Viber
Германската компанија, “Кромберг и Шуберт Македонија”, бара администратори и рефернти за фабриката во Битола. Огласите за 6 работни позции се веќе објавени и остануваат уште два дена за сите оние што сакаат да аплицираат и да влезат во трката за некоја од наведените позиции. Инаку комапнијата бара: администратот во оддел за квалитет, специјалист за отстранување дефекти, администратор за контрола на прозивод , референт за проверка на материјали, специјалист во оддел за квалитет, оператор за производство...
Фабриката во Жабени ќе изработува кабелски инсталации, пластична технологија и мехатроника за автомобилски компании од Европа. Кромберг и Шуберт постои еден век, има околу десет илјади вработени низ светот и работи за брендови како БМВ и Мерцедес. Во првата фаза ќе вработи 400 лица, додека потоа овој број би достигнал 2.500.