Уште два смртни случаи во земјава од Ковид-19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Март, 2020
На Клиниката за инфективни болести во Скопје починаа уште двајца пациенти од коронавирусот. Министерството за здравство информира дека станува збор за двајца мажи на возраст од 45, односно од 78 години. Едниот починат пациент е од Куманово, имал и други здравствени состојби, информира министреството, односно дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал хронично обструктивен бронхит и висок крвен притисок и примал терапија за двете хронични заболувања.
Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп – 1.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
• Скопје- 175
• Дебар – 47
• Куманово – 47
• Штип- 14
• Тетово – 10
• Прилеп – 10
• Струга – 7
• Велес – 6
• Битола – 4
• Охрид – 3
• Кавадарци – 2
• Гостивар – 1
• Крива Паланка – 1
• Струмица – 1
• Гевгелија – 1
Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.