18 Декември, 2025
0.0480

УШТЕ ЕДЕН АФРИКАНСКИ БРАН ПРЕД НАС: Ќе трае само три дена, викендот доаѓа значително заладување

Објавено во: Македонија 19 Август, 2025 06:30

Добивај вести на Viber

Денешниот ден ќе ни донесе променливо облачно време со сончеви периоди, а услови ќе има само за изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утрото ќе биде посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени.Макималната температура пак ќе се искачува во интервалот од 27 до 33 степени, а во Скопје таа ќе се искачи до околу 31 степени, вели метеорологот Славчо Попоски.

Под влијание на стабилна, сува  и значително потопла воздушна маса од југ, односно од Африка во периодот од среда (20 август) па до петок (22 август) времето во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло со температури кои насекаде кај нас ќе надминуваат 30 степени, а особено во Повардарието и во југоисточните предели температурите ќе надминуваат и 35 степени, односно тие ќе се искачат до околу 38 степени. Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде стабилно, суво, сончево и многу потопло со максимална температура која ќе се искачи до околу 36/37 степени.

Особено во петок (22 август) ќе дува засилен ветер од западен и од југозападен правец кој ќе биде најава за нова промена на времето и за значително освежување кое ќе ни пристигне за време на викендот (сабота  и недела 23/24 август). Детална метео анализа околу оваа нова промена на времето следува во следните мои метео објави“, вели Попоски.




Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми