Уште еден екс градоначалник доби кривична пријава
Објавено во: Македонија 23 Април, 2018 15:03
Кривична пријава е поднесена против К.Л. (40) кој во својство на градоначалник на општина Чешиново-Облешево искроистувајќи ја својата службена положба и овластување во својот мандат во четири случаи ја злоупотребил својата службена положба.
Првиот случај бил во периодот од 11 април 2013 година до 1 ноември 2017 година, кога 39 пати ги управувал службените патнички моторни возила “Пежо 207” и “Шкода Октавиа” сопственост на Општина Чешиново – Облешево без патни налози и истите ги користел за патување во странство за приватни цели.
Во вториот случај во периодот од 2014 и 2015 година во повеќе наврати ги пречекорил границите на своето службено овластување на тој начин што им овозможувал на лица вработени во општина Чешиново Облешево и други лица да полнат гориво од бензинската пумпа “Еуропетрол ДОО” Чешиново во нивните сопствени возила на сметка на Општината со што предизвикал дополнителна материјална штета во вкупен износ од 50.450 денари.
Во третиот случај во четири наврати во текот на 2015 година давал наредба на лице вработено во Општина Чешиново Облешево да полни бензин во туби и истите да ги носи кај пријавениот на домашна адреса, за истиот да го танкира своето приватно возило со што предизвикал материјална штета во износ од 4.634 денари и во четвртиот случај ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што без да склучи договор за давање на донација донирал гориво од вкупно 113 литри во износ од 5.502 денари на Х.Р. наводно за одржување на патека за моторџии во село Уларци постапувајќи спротивно на Законот за донации и за спонзорство во јавните дејности оштетувајќи го Буџетот на општината во вкупен износ од 5.502 денари.
Од 2013 до 2017 година К.Л. во својство на градоначалник со повреда на законските прописи за совесно постапување при вршење на овластување им овозможил на вработените во општината, но и за себе, да се користат службените возила за приватни цели без при тоа да се води уредна евиденција односно патен налог за целта на патувањето и евидентирање на измината километража и потрошено гориво. Со службеното патничко моторно возило “Пежо 207” кое пријавениот го користел во првите три години од мандатот како негово службено возило за изминати 162.271 километри потрошени се 765.094 денари, пари од општинскиот буџет за гориво, додека пак со службено возило “Шкода Октавиа” се поминати 63.879 километри за временски период од околу една година односно од набавка на возилото ставање на истото во функција на општината на 19.10.2016 до 01.11.2017 година, при што се потрошени 151.121 денари за гориво , без при тоа да се состави ниту еден патен налог со што ќе се оправда патувањето на потрошеното гориво .
К.Л. го оштетил буџетот на општина Чешиново –Облешево за вкупна сума од 976.801 денари.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




