Уште еден хотел со пет ѕвезди ќе го краси охридското крајбрежје
Објавено во: Македонија 08 Март, 2015
Скопската компанија „Камфуд“ ги купила зградите на поранешната детска болница во близина на хотелот „Гранит“ и планира да изгради хотел со пет ѕвезди.
Недвижниот имот е продаденза 1,2 милиони евра од страна на охридската локална самоуправа, која нагласува дека е достигната четири пати повисока цена од почетната цена на наддавањето.
„Камфуд“ допрва треба да се договори со општина Охрид за купување на земјиштето околу објектите на детската болница. Од Општината најавуваат дека и понатаму ќе продолжат со отуѓувањето на градежни парцели што се наоѓаат покрај Охридското езеро. Оттаму наведуваат дека тие ја определуваат намената на идните објекти, кои треба да се градат во интерес на идниот развој на градот.
(Извор:build.mk)