УШТЕ ЕДЕН ШОК ОД БЕРЛИН: Полицијата уапсила погрешен човек?
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2016 13:47
Уапсивме погрешен човек, рекол висок неименуван официјален претставник на полицијата за германскиот дневник Die Welt .
Претходно германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер во текот на прес конференција рече дека 18 луѓе се тешко повредени во нападот.
Министерот потврдил дека возачот избегал од местото на трагедијата и дека едно од 12 починати личности е пронајдена мртва на совозачкото место во камионот. Таа личност е убиена со пиштол кој уште не е пронајден.
Мезиер потврдил дека божиќните саеми во Берлин денеска ќе бидат затворени, но ќе останат отворени ширум Германија.
„Би било погрешно само да престанеме, да го промениме начинот на живот поради непријателите на слободата“, рекол тој.
Исто така потврдил дека осомничената личност е од Пакистан и дека не била заведена ниту во една база која ги следи терористите и нивните познати и потенцијални соработници. Засега осомничената личност ја негира својата вина, додал.
Мезиер открил и дека осомничениот во Германија влегол на 31.12.2015 а во Берлин се наоѓа од февруари.
На прашањето на новинарите дали зад трагедијата стои Исламска држава, министерот рекол дека тие засега не ја преземале одговорноста за нападот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




