Уште еден слаб земјотрес почувствуван во Македонија
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2016
Нов земјотрес со јачина од 2,4 степени по Рихтер е почуствуван синоќа во 23 часот во Македонија.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на 58 километри источно од Скопје, на 2 километри длабочина.
Нема информации за причинета материјална штета од потресот.
Деновиве во јужна Македонија беше почувствуван земјотрес кој ја стресе соседна Грција.
Земјотреси минатата недела имаше на Балканот во Хрватска и БиХ.