Уште една европска земја ги укинува ковид рестрикциите
Објавено во: Свет 22 Јануари, 2022
Ирска по примерот на други земји ги укинува ковид рестрикциите.
Државата од денеска ги укинува скоро сите ограничувања. Земјата е една од највнимателните во ЕУ во однос на ризиците од коронавирусот. Таа ги воведе едни од најдолгите ограничувања за патување. Владата одлучи дека нема да има потреба да се затвораат баровите и рестораните во 20 часот како и од клиентите да се бараат докази за вакцинација. Затворените отворените простори ќе работат со полн капацитет.
Ирска минатата недела беше на второ место по новозаразени со коронавирус во Европа, но во исто време е меѓу европските земји со висока стапка на вакцинација.
Францускиот премиер Жан Катекс и министерот за здравство Оливие Веран наместо нови рестрикции, најавија агенда за олеснување на рестриктивните мерки.
Различни експерти излегуваат со прогнози за тоа кога пандемијата ќе заврши.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.