Уште една година ќе чекаме до крајот на пандемијата, тврдат од СЗО
Објавено во: Свет, Корона Вирус 22 Февруари, 2021
Ќе мора да почекаме додека да се стави крај на пандемијата. Идната година се очекува да заврши пандемијата на коронавирусот. Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, вели дека пандемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година.
За данската државна телевизија ДР, Клуге кажа дека 2021 година ќе биде година на Ковид 19, но година во која ќе биде многу полесно да се справи со епидемијата во споредба со 2020 година. Клуге верува дека најлошото сценарио е зад нас.
„Вирусот и понатака ќе биде присутен, но мислам дека нема да бидат потребни ограничувања. Ова е оптимистичка порака", изјави Клуге.
Тој објасни дека мутациите се нормални и дека вирусот се обидува да се прилагоди на заразеното лице, но и дека брзото ширење го загрижува. Вели дека внимателно следат колку се развиени ефективни вакцини против ковид 19 поради брзината на ширење на мутациите. Бројот на починати во САД надмина 500.000, објавија од универзитетот Џонс Хопкинс. Тоа значи дека од коронавирусот животот го загубиле повеќе лица отколку што САД имаа вкупно жртви во Втората светска војна. Во светот досега се потврдени повеќе од 112 милиони случаи на заразени со коронавирусот.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.