07 Октомври, 2024
0.0316

Уште една „собраниска“ средба за СЈО

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2019

Добивај вести на Viber


Работните групи на власта и опозицијата денеска во Собранието ќе одржат нова средба за законот за јавното обвинителство, односно за судбината на СЈО. Состанокот ќе биде прв по лидерската средба на претседателите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, на која не беше изнајден заеднички јазик за овој закон.

По седумчасовните преговори Заев го обвини Мицкоски дека „промовирал „Груевизам“ до крај“. Мицкоски по лидерската средба рече дека планот на Заев бил да не биде постигнат договор и дека премиерот сакал да го контролира обвинителството за да не одговара за „Рекет“. Од друга страна, премиерот Заев по лидерската средба изјави ВМРО-ДПМНЕ побарале предметите на СЈО пред 30 јуни 2017 година да ги преземе Обвинителството чиј што шеф ќе дојде на предлог од опозициската партија. Додаде дека СДСМ се согласува специјалниот обвинител да биде одбран од опозицијата, но да биде познавач со кредибилитет.

Преговорите во моментов се стопирани за моделот на функционирање на Обвинителството за организиран криминал и корупција и вклученоста на СЈО во овој орган. Владата има тенденција да го подели во Обвинителството за гонење на организиран криминал и Обвинителството за гонење на висока корупција, додека опозицијата го брани сегашниот модел. Исто така, постојат разлики во врска со употребата на бомбите и периодите до кога можат да важат како докази.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил