Уште една земја ја подигна заштитата на нафтените пристаништа
Објавено во: Свет 20 Септември, 2019
Подигнато e нивото на безбедност на нафтените и комерцијалните пристаништа во Кувајт.
Нивото на тревога е подигнато во услови на ескалација меѓу соседна Саудиска Арабија и Иран, по нападот врз две постројки на „Арамко“ во Абакик и Кураис.
Производството на земјата се намали за 5,7 милиони барели нафта дневно, и тоа е половина од вообичаеното производство. Инцидентот резултира со значителен раст на цената на нафтата.
Ситуацијата на Блискиот Исток останува напната по нападот со беспилотни летала врз саудиските нафтени постројки во саботата. Јеменското движење Хути, кое се бори против Ријад, ја презеде одговорноста за нападите, но кралството го обвини Иран за инцидентот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.