Уште еднаш скокна цената на нафтата
Објавено во: Економија 23 Март, 2022 18:33
Повторно скокна цената на нафтата и сега се тргува за 122 долари за барел.
На лондонската берза цената за барел нафта се покачи за 6.35 долари во однос на претходниот ден, и чини 121,8 долари. На американскиот пазар барел нафта денеска се тргуваше за 115 долари, односно 5,72 долари повеќе од вчера. Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) денеска објави дека барел нафта од нејзините земји членки вчера се тргувал по 114,60 долари, тоест дека поскапел за 79 центи. Војната во Украина доведе до честа промена на цените на нафтата. Откако почна пандемијата, цените на нафтата осцилираа.
Над една третина од возачите во Германија планираат помалку да возат поради скапите горива.
Можеби ќе ве интересира
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите




